КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

При самата помисла дека треба да се отпатува некаде, секогаш постои огромна возбуда, која се должи на потребата од брзо и ефикасно пакување, носењето на сите неопходни нешта, исчекувањето на она што ќе нѐ дочека на дестинацијата, итн.

"1. За меѓународни патувања проверете го пасошот!
Вашиот пасош треба да има датум на истекување на важноста подолг од 6 месеци, односно треба да биде подолг од датумот кога треба да се вратите дома. Во спротивно, можно е да се соочите со проблеми при преминувањето на границите."

"2. Внимавајте на опасноста од дехидрација!
Секогаш носете со Вас многу течности, најдобро свежа вода."

"3. Пакувајте се практично!
Не ги надминувајте сопствените можности, бидејќи нешто од спакуваното сигурно не е неопходно. Никогаш не ставајте повеќе во Вашиот куфер отколку што можете да носите. Нема ништо полошо од тоа да се препотите влечкајќи го преполниот куфер по себе."

"4. Понесете си мало перниче
Не заборавајте да понесете мало перниче – зазема малку простор, а кога заморот ќе Ве совлада ќе Ви биде од голема помош – ќе Ви овозможи удобно спиење во било која позиција."

"5. Изберете удобна облека за патување
Секогаш носете удобни чевли. Облечете едноставна, лесна, памучна гардероба и секогаш при рака имајте други панталони и блуза со долги ракави во случајно да Ви застуди."

Листа на корисни документи за преземање
Формат Тип Назив на документ Прегледај
Закон Закон за превоз на патниот сообраќај Преземи
Закон Закон за изменување и дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај Преземи
Закон Закон за изменување и дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај 114/2009 Преземи
Закон Закон за изменување и дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај 83/2010 Преземи
Закон Закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај 140/2010 Преземи
Закон Закон за изменување и дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај 17/2011 Преземи
Закон Закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај 53/2011 Преземи
Закон Закон за превоз во патниот сообраќај (пречистен текст) Преземи
Уредба Уредба за постапката, критериумите и начинот на распределба на дозволи за меѓународен превоз на стоки 107/2007 Преземи
Закон Закон за договорите за превоз во патниот сообраќај Преземи