Често поставувани прашања
За кои патувања можам да купам билет преку Е-АВТОБУСКА?
Моментално преку порталот Е-АВТОБУСКА можете да купите билети за патување кои тргнуваат од автобуските станици во Скопје, Битола, Штип и Велес. Се очекува во следниов период да се вклучат и останатите автобуски станици во земјава.
Дали можам да купам и повратни билети?
Е-АВТОБУСКА овозможува купување и на еднонасочни и на повратни билети за понудените дестинации. Доколку се одлучите за поврате билет, потребно е да имате креирано кориснички профил, преку кој ќе може да го резервирате т.е. да направите заверка за враќањето.
Што ми е потребно за да креирам кориснички профил?
Креирањето на корисничкиот профил е бесплатно. Потребно е да внесете само валидна e-mail адреса на која што ќе биде испратен линк за активација на профилот.
Дали можам да резервирам седиште без да платам за билет?
E-АВТОБУСКА не нуди можност за резервација на седиште. Седиштето е резервирано само ако се купи билет за истото.
Како можам да бидам сигурен дека седиштето за кое ќе платам нема да биде продадено и на шалтер?
E-АВТОБУСКА во реално време разменува податоци за продадените билети преку порталот и на шалтерите на автобуските станици. Со плаќањето за билетот на порталот истиот ќе се води како продаден и во системите за продажба на билети на шалтер и обратно. На тој начин седиштето за кое што сте платиле не може да биде продадено и на шалтер.
Што ако немам принтер за да го испечатам мојот билет?
Доколку не сте во можност да го испечатите купениот билет, потребно е пред патување на контролорот на автобуската станица да му го соопштите безбедносниот код за билет кој е испратен на вашата e-mail адреса.
Дали плаќањето за билетот е безбедно?
Плаќањето е комплетно безбедно. Бројот од вашата платежна картичка е пренесен преку SSL врска директно до безбеден електронски свод. Во ниту еден момент податоците за картичката не се зачувани на нашиот сервер.